Документи
Име Големина
Закон за заштита и благосостојба на животните
Со овој закон се пропишуваат минималните барања за заштита и благосостојба на животни во однос на нивното одгледување, чување, грижа и сместување, заштита на животните при фармско држење, заштита и благосостојба на животните за време на превоз, колењето или убивањето на животни кои се одгледуваат за производство на храна, волна, кожа, крзно и други производи како и заради депопулација и слични операции, условите кои треба да ги исполнат кланиците во однос на заштита и благосостојба на животните при колење и убивање, заштита и благосостојба на домашните миленици и бездомни животни, животни во зоолошки градини и животните кои се користат во експериментални или едукативни цели.
347,7k
Одлуката за изменување на Одлуката за висината на надоместоците за спроведување на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните 5.221,7k
Повеќегодишен контролен план за надзор во областа на храната, ветеринарството и здравјето на растeнијата (ПНКП)
Целта на ПНКП е обезбедување на ефикасно спроведување на соодветните закони,правилници и други одредби и да се обезбеди дека надлежните органи и релевантните учесници ги спроведуваат, вршат мониторинг и потврдуваат дека се исполнети соодветните барања, и дека се одржуваат системите за официјални контроли „од фарма до вилушка“, активностите за надзор и мониторинг.
5.078,4k
Правилник за посебните барања за безбедност на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната направени од филм од регенерирана целулоза
Со овој правилник се пропишуваат посебните барања за безбедност на групата на производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната направени од филм од регенерирана целулоза.
661,6k
Програма за заштита на потрошувачите за периодот 2013 – 2014 година
Во Програмата се утврдуваат основните цели на политиката за заштита на потрошувачите, мерките и активностите за промоција и информирање на потрошувачите,советување, едукација, како и потребните финансиски средства за реализирање на програмата.
163,6k
Решението за изменување на Решението за забрана на увоз во Република Македонија на животни, производи, суровини и отпадоци од животинско потекло заради спречување на внесување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии (ТСЕ) 84,8k
Стратешки план на Агенција за храна и ветеринарство-период 2013-2015
Стратешкиот план претставува основен документ на Агенцијата за храна и ветеринарство во (во понатамошниот текст АХВ) кој се содржани програмите и активностите преку кои се планира остварување на целите и приоритетите, а во функција на визијата и мисијата на институцијата во наредниот тригодишен период. Стратешкиот план за периодот 2013-2015 е изработен врз основа на анализа на постигнатите резултати во текот на 2011 година како и постигнатите резултати во изминатата 2012 година и резултатите што треба да се реализираат до крајот на тековната 2012 година во АХВ. Агенцијата за храна и ветеринарство води постојана грижа за заштита на здравјето на луѓето од болести кои се пренесуваат преку храната, заштита на потрошувачите од заблуда и нивно отворено, чесно и навремено информирање за можни опасности од храната, заштита на здравјето на животните и нивната благосостојба, како и заштита на животната средина од загадување со отпад од животинско потекло, преку контрола на спроведување на прописи усогласени со високите стандарди на ЕУ како и меѓународните стандарди ратификувани од Република Македонија.
1.072,5k
Прикажани резултати 7.

Нема блогови.

Категории
Прикажани 1 - 20 од 26 резултати.
Предмети по страница 20
на 2
Прикажани 1 - 20 од 26 резултати.
Предмети по страница 20
на 2
Теми
Прикажани 1 резултат.