Постови:4
Коментари:0
Датум:26.09.2016

.

«Назад

МИОА го доби сертификатот за воведување на ИСО 9001:2008 стандардот

Скопје, 13 јули 2012

Министерството за информатичко општество и администрација го заврши процесот на воведување на ИСО 9001:2008 стандардот во своето работење, што ќе придонесе за значително подобрување на ефикасноста во управувањето со внатрешните процеси и испораката на услуги кон крајните корисници.

 

Менаџерот на сертификациската куќа ТУВ Австрија, Дејан Лазаров, на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, му го додели сертификатот, истакнувајќи дека во наредниот период ќе продолжи нивната работа на овој план и со други институции.
„Министерството за информатичко општество и администрација е првата владина институција која е сертифицирана од страна на сертификационата куќа ТУВ Австрија.„- истакна на прес-конференцијата Лазаров.

 

 

Овој стандард е дел од ИСО 9000 групата на стандарди кои се однесуваат на имплементација на најдобри практики во управувањето со квалитет во една организација,

 

„Министерството ја започна имплементацијата на овој стандард минатата 2011 година, кога во периодот на втората половина на 2011 година документираше 21 процес и 64 процедури. На почетокот на 2012 година системот беше ставен во функција за што се одржаа обуки на вработените за да се запознаат со стандардизираните процедури кои треба да ги применуваат во секојдневното работење.„- рече министерот Ивановски

 

Имплементираните ИСО процеси и процедури опфатија голем опсег од работењето на Министерството, вклучувајќи ги областите на: Стратешко и тековно планирање, Реализирање на внатрешните процеси во работењето на МИОА, Услугите кои МИОА ги дава на своите корисници и Следење и подобрување на работењето.

 

Досега сертификацијата ја комплетираа повеќе институции, меѓу кои: Генерален Секретаријат, Секретаријат за европски прашања, Министерство за образование и наука, Агенција за енергетика, Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија итн. Исто така, во крајна фаза на сертификација се, или постапката на имплементација на ИСО стандардот ја започнале околу 50 институции што го потврдува континуираниот фокус на Владата на Република Македонија за подобрување на квалитетот на работењето на администрацијата во нашата земја.

 

Претходно
Коментари