Постови:4
Коментари:0
Датум:26.09.2016

.

«Назад

Потпишување на меморадум за соработка за надградба и промоција на ЕНЕР

 

Скопје, 19 април 2012

Под компонентата за јавно-приватен дијалог на Проектот за унапредување на инвестирањето и извозот (ИДЕАС), беа организирани серија од активности кои ќе ги постават основите за иден развој на иницијативи за инвестирање и извоз во Македонија. Нивниот фокус е оперативното спроведување на политиките за економски развој и насоките од високо ниво зададени од страна на Владата на Р. Македонија.

 

Во тој поглед, Проектот (ИДЕАС) и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија работат на подобрување на постоечкот единствен национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР) со цел да се зголеми вклученоста на приватниот сектор и невладините организации во процесот на создавање на економските политики и законодавство кои влијаат врз бизнисот во Македонија.

 

Затоа, во март директорот на проектот Александар Шахов и министерот Иво Ивановски потпишаа меморандум за соработка.

 

Преку оваа активност беа организирани серија на консултативни состаноци на софтверски експерти кои претходно работеле на креирање на ЕНЕР и со овластени професионалци од Министерството за информатичко општество и администрација со цел да помогнат во процесот на идентификување на потребните надградувања на системот како и да се идентификуваат техничките спецификации кои треба да се вградат во новиот систем за успешно да се придржува кон целта која беше дадена во проценка на влијанието на регулативата (РИА), процес во кој беше вклучена јавноста преку јавно- приватниот дијалог.

 

Подобрената верзија на софтверот се очекува да биде оперативно подготвена до средината на мај и промовирана во јавноста во периодот момеѓу јуни и септември. Проектот ИДЕАС ќе организира голем број на работилници низ земјата со цел да се вклучат приватниот и граѓанскиот сектор во процесот на РИА. Оваа активност ќе придонесе за зголемување на свеста за РИА и реформирање на нејзината улога во формирање здрави економски политики и отука, кон севкупно подобрување на јавно- приватниот дијалог во Македонија.

 

Овие активности ќе резултираат со посилно партнерство и соработка помеѓу претставниците на различните засегнати институции, врз основа на заедничките знаења и доверба, создавање на одржлив модел за нивните идеи и заеднички напори за создавање подобра легислатива. Донесување на три-партиски одлуки е значаен услов за одржлив јавно-приватен диалог , како и единствен начин да се обезбеди одржлива економија.

Следно
Коментари