Daj Ideja е привремено недостапен.

Како да се вработам кај вас? Ве молам за процедурата и образложение. Имам дипломирано информатика.

Ана Петрова - Тасева



** Одговор: Во врска со вашето прашање за вработување , вработувањето во државна служба се спроведува согласно Законот за државни службеници. Вработувањето во државната служба се спроведува низ транспарентна постапка, врз основа на критериумите на стручност и компетентност и примена на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. Во државната служба може да се вработи лице кое ги исполнува општите и посебните услови.

Општи услови се:

- да е државјанин на Република Македонија,

- да е полнолетен,

- да има општа здравствена способност и

- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови се:

- да има соодветно образование,

- да има потребно работно искуство во струката и

- други услови утврдени во актот за систематизација на работните места.

По барање на органот, Агенција за администрација објавува јавен оглас. Агенцијата го објавува јавниот оглас, на својата интернет страница (www.aa.mk) и во најмалку два дневни весника од кои во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. Рокот за пријавување на јавниот оглас од не може да биде пократок од пет дена од денот на неговото објавување. Агенцијата формира Комисија за селекција на државен службеник. Постапката за селекција на кандидат за државен службеник се состои од административна селекција, испит за државен службеник и интервју.

1 . Административната селекција се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас. (административната селекција се спроведува во рок од пет дена по завршувањето на јавниот оглас)

2 . Испитот за државен службеник се состои од општ и практичен дел. (испитот за државен службеник се спроведува во рок од 15 дена, но не пократок од 10 дена, по завршување на административната селекција ,прашањата за испитотот можете да ги најдете на www.aa.mk).Агенцијата издава потврда за положен испит за државен службеник, која има важност од две години, сметано од денот на полагањето на испитот.

3. По завршувањето на испитот за државен службеник, врз основа на резултатите од образованието и од испитот, комисијата за селекција спроведува интервју со петте најуспешни кандидати кои го положиле испитот, по исклучок од интервју се спроведува и со кандидатите кои имаат ист резултат како и петтиот кандидат на листата.

4. Врз основа на резултатите од образованието, испитот за државен службеник и интервјуто, во рок од три дена од денот по спроведувањето на интервјуто, Комисијата за селекција доставува ранг-листа од три најуспешни кандидати до секретарот, односно функционерот кој раководи со органот.Секретарот односно функционерот кој раководи со органот каде што не се именува секретар, во рок од три дена по добивањето на ранг-листата, е должен да изврши избор на кандидат, (или неизбор). Одлуката за избор на државен службеник се објавува на веб страницата и огласната табла на Агенцијата за администрација. Против одлуката за избор незадоволниот кандидат има право на жалба до Агенцијата, во рок од осум дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страницата и на огласната табла на Агенцијата за администрација. Агенцијата одлучува во рок од осум дена од денот на приемот на жалбата, Жалбата го одлага извршувањето на одлуката, против одлуката на Агенцијата незадоволниот кандидат има право на тужба пред надлежниот суд во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката.

5.По завршувањето на постапката за избор секретарот, односно функционерот кој раководи со органот каде што не се именува секретар, донесува решение за вработување на пробна работа. Со почит