Daj Ideja е привремено недостапен.

Предлагам да се отвори сегмент во Документи поврзан со Владата на РМ, каде би се објавувале документите кои Владата ги носи како на пример Годишната програма за работа на владата, одлуки од сединиците, и слично 

Јасмина Трајковски

 

 

** Одговор: Почитувана г-ѓа Трајковски, ви благодариме на вашиот предлог. Дозволете да ве информираме дека вашиот предлог е целосно во согласност со заложбите за развивање на порталот за е-демократија. Имено, во наредниот период на порталот за е-демократија планирано е да бидат опфатени и останати органи на државната управа, вклучително и Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија , се’ со цел да се овозможи што поголемо учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки од нивен интерес.