За учество во форумот потребно е да сте најавен корисник!

Доколку не сте најавени, најавете се ТУКА!

« Назад

ДАЈ ИДЕА - Начин на филтрирање

Преглед на комбинации Рамен поглед Преглед во вид на дрво
Теми [ Претходно | Следно ]
toggle
ДАЈ ИДЕА - Начин на филтрирање
идеа процес филтрирање филтер
Одговор (Деселектирање)
7.11.12 11:26
Ве молам објаснете го на кратко, но прецизно, процесот на разгледување и филтирирање на поднесените идеи.

Еве поконкретно кои се моите прашања:

Ако поднесам идеа во областа на образованието, кој ќе биде бројот и профилот на вработени во јавните институции преку кои мојата идеа треба да помине за да стигне на повисоко ниво и сериозно да се разгледа?

Дали во текот на овој процес некој од нив може да ме контактира за да побара евентуално подетално образложение од моја страна?

Дали ќе бидам известен за статусот на мојата идеа во смисла дали е истата отфрлена или се разгледува или можеби е во некоја друга понапредна фаза.

Дали и кога некои од идеите ќе ги објавите јавно за сите посетители на форумот.

Благодарам,
Владимир
RE: ДАЈ ИДЕА - Начин на филтрирање
Одговор (Деселектирање)
15.2.12 09:55 Пратено како одговор на Владимир Јакимов.
Почитуван Владимир,

Секое министерство има тим кој ќе ги разгледува поставените идеи на порталот е-демoкратија и квартално ќе дава извештај на Владата, која ќе ги процесира дадените идеи и согласно со барањата ќе постапи по истите.

Ви благодариме што го користите модерниот метод на јавна расправа
RE: ДАЈ ИДЕА - Начин на филтрирање
интерактивност мотивација мотивираност
Одговор (Деселектирање)
15.2.12 11:20 Пратено како одговор на Министерство за информатичко општество и администрација ..
Почитувани,

Ви благодарам за одговорот.

Мој предлог е да размислите за поголема интерактивност во процесот на давање на идеи бидејќи тоа е и целта на овој портал.
Ако некој даде добра идеа и ако добива повратни информации поврзани со статусот на истата, тогаш ќе биде помотивиран да продолжи да дава и други идеи.

Исто така доколку воведете и некакви награди за најдобрите идеи (може да се симболични т.е. не зборувам за пари) тоа мислам дека ќе биде дополнителна мотивација за јавноста да се вклучи поактивно во овој процес.

Благодарам,
Владимир
RE: ДАЈ ИДЕА - Начин на филтрирање
Одговор (Деселектирање)
15.2.12 11:30 Пратено како одговор на Владимир Јакимов.
Почитуван Владимир,

Вашиот предлог ќе биде разгледан.

Ви благодариме што го користите модерниот метод на јавна расправа