*Кои се начелата на е-демократија?

Начелата на е-демократијата, кои се слични со начелата на доброто владеење се: транспарентност, разбирање, одговорност, ангажираност, донесување на одлуки, вклученост, достапност, учество, супсидијарност, доверба во демократијата, демократските институци, демократските процеси и социјалната кохезија.

*Дали информатичко-комуникациската технологија е решение за демократијата?

Информатичко-комуникациска технологија во процесот на демократијата не е решение туку алатка која може да помогне и да ги олесни демократските процеси. Притоа од информатичко комуникациската технологија се очекува да даде дополнителни средства кои ќе го зајакнат дејствувањето и ќе ја подобрат сликата за демократијата и демократските институции, на начин што ќе обезбеди квалитетно и квантитативно подобрување на делотворноста на демократските институции.

*Кои се секторите на е-демократија?

Како сектори на е-демократијата се издвојуваат: е-парламент, е-законодавство, е-правосудство, е-посредување, е-околина, е-избори,  е-референдум, е-иницијативи, е-гласање, е-консултации, е-петиции, е-кампања, е-броење на гласови. Овие сектори се како алатки за делување се користат во  е-учество, е-распарава и е-форум.

*Дали е-демократијата се однесува на сите облици на демократија?

Е-демократијата се однесува на сите облици на демократијата, сите демократски институции односно на  сите нивоа на власт опфаќајќи ги сите други заинтересирани страни. Преставува таков облик на демократија во кој заинтересираните страни на лесно достапен начин можат да видат, набљудуваат и  на интерактивен начин да делуваат од било кое место.

*Што е е-иницијатива?

Е-иницијативата им овозможува на граѓаните да ги  развијат и изнесат своите политички предлози  по  пат на информатичко -комуникациската технологија и на таков начин да се ангажираат во изработката на политичките планови.

Прикажани 1 - 5 од 11 резултати.
Предмети по страница 5
на 3