Во рамки на проектот “Безбедни училишта“ утре (26.09) во 13 часот во Гостивар министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска ќе учествува на хепенингот што во овој град (на плоштадот) како и во други осум града во државата истовремено ќе се одржува под мотото “Стоп за Насилството“.
Хепенингот на кој што ќе учествуваат ученици од средните училишта во Скопје, Куманово, Гостивар, Тетово, Кичево, Охрид, Струга, Прилеп и Македонски брод а се реализира во организација на МВР, мисијата на ОБСЕ во РМ како и локалните самоуправи во овие градови, всушност е најава за натамошно продолжување на превентивните активности во насока на едукација и заштита на малолетничката популација од девијантните појави.