На 4.10. 2013 во скопското основно училиште “Стив Наумов“ се одржа промоција на “Сообраќаен буквар 2“ издание наменето за децата од прво одделение и оние од подготвителните предучилишни групи во градиниките на територијата на цела држава. Ова ДВД издание на чија што промоција учествуваше и министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска, како и министрите за образование и за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и Диме Спасов, како и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, беше подготвено од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со МВР.