« Назад Документи Дома

Внатрешни работи

Подфолдери
Папка # На папки # На Документи
Во подготовка 0 0
Усвоени 0 15
Прикажани резултати 2.
Документи
Нема документи во оваа папка.
Име Големина
Нема документи во оваа папка.
Прикажани резултати 0.

Нема блогови.

« Назад Внатрешни работи

МВР ги отпочна подготовките за Претседателските избори 2014

Преглед на комбинации Рамен поглед Преглед во вид на дрво
Со распишување на Изборите за Претседател на Република Македонија, од страна на Претседателот на Собранието на Република Македонија, господинот Трајко Вељановски, Министерството за внатрешни работи ги отпочна подготовките за постапување во рамки на законските ингеренции и обврските кои произлегуваат од нив.
Првата обврска согласно законот веќе ја извршивме, односно според член 43 став 3 од Изборниот законик до Државната изборна комисија во криптирана форма ги доставивме податоците кои од нас ги побараа за ажурирање на Избирачкиот список.
Со одлука на Министерот за внатрешни работи, формиран е Оперативен штаб кој треба да ги испланира и реализира сите активности во рамки на републичката акција Избори 2014. Активностите повторно ќе бидат поделени во три главни фази: и тоа предизборен период, вклучувајќи ја и кампањата, денот на гласање и периодот по затварањето на гласачките места. Во текот на наредниот период ќе се формираат и регионални штабови кои ќе имаат задача на терен, одблиску да ги следат случувањата во предизборниот период, да разменуваат информации со републичкиот штаб и да преземаат соодветни мерки.
Во целост е подготвен и Одделот за обезбедување кој има обврска на сите кандидати за претседател на државата, чија кандидатура ќе биде официјализирана од Државната изборна комисија, да им понуди соодветна заштита во текот на предизборната кампања.
Повторно предвидовме дополнителна едукација на полициските службеници и во моментов ја утврдуваме агендата и планот за нивна обука која ќе треба да ја реализира Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди и Центарот за обука во Идризово.
Прилог

Прилози: 12121212121.jpg (58,1k)