« Назад Документи Дома

Внатрешни работи

Подфолдери
Папка # На папки # На Документи
Во подготовка 0 0
Усвоени 0 15
Прикажани резултати 2.
Документи
Нема документи во оваа папка.
Име Големина
Нема документи во оваа папка.
Прикажани резултати 0.

Нема блогови.

« Назад Внатрешни работи

Скратување на постапката за пријавување на изгубени или украдени документи

Преглед на комбинации Рамен поглед Преглед во вид на дрво
Oд почетокот на идниот месец како што истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска, по денешната средба со директорот на Службен весник на РМ, Тони Трајанов, во сите градови во земјава граѓаните ќе можат во рамки на едношалтерски систем изгубените документи да ги пријават само во управните служби на МВР, по што во соодветна постапка ќе можат да добијат нови документи.

Според Јанкулоска ова е дел од заедничкиот проект на МВР и Службен весник на Република Македонија, кој ќе ги поедностави процедурите за објавување на неважечките документи - лична карта, пасош, возачка дозвола и сообраќајна возачка дозвола.

Министерката Јанкулоска истакна дека целта е да се упрости постапката за граѓаните кои од кои било потреби треба да објават документ за неважечки и да извададат нов документ, а тоа е особено важно за граѓаните од внатрешноста каде што Службен весник нема подрачни единици или канцеларии.
Прилог

Прилози: rsz_img_6462.jpg (61,9k)