« Назад Документи Дома

Внатрешни работи

Подфолдери
Папка # На папки # На Документи
Во подготовка 0 0
Усвоени 0 15
Прикажани резултати 2.
Документи
Нема документи во оваа папка.
Име Големина
Нема документи во оваа папка.
Прикажани резултати 0.

Нема блогови.

« Назад Внатрешни работи

Кампања - “Недела на безбедност на мотоциклистите“

Преглед на комбинации Рамен поглед Преглед во вид на дрво
Заштитниот шлем го намалува ризикот од смрт за 40 , а ризикот од повреди за - 70 проценти

“Мотоциклистите според нашите но и според сите релевантни европски и свестски статистики и анализи спаѓаат во групата на позагрозени учесници во сообраќајот. Имено податоците покажуваат дека на свестско ниво 23 проценти од жртвите во сообраќајни несреќе се мотоциклистите, во Европа тој процент е некаде околу 12 а кај нас од бкупниот број повредени или загината околу десет отсто мотоциклисти“, изјави меѓу другото министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска на денешната манифестација на плоштадот Македонија со која беше означен крајот на кампањата “Недела на безбеденост на мотоциклистите“ што изминативе денови ја реализираше Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Според Јанкулоска само на подрачјето на главниот град, од 2010 година до заклучно со 2013 година МВР евидентирало вкупно 543 лица, мотоциклисти кои настрадале во сообраќајни несреќи а од оваа бројка 10 лица ги загубиле животите, 123 се стекнале со тешки телесни повреди а 410 лица минале со полесни повреди. Исто така министерката Јанкулоска нагласи дека во првото тромесечие од оваа година во 44 регистрирани сообраќајни несреќи на ниво на целата држава во коишто учествувале мотоциклисти четири лица го загубиле животот, 12 се потешко повредени а 36 добиле полесни повреди.
Прилог

Прилози: rsz_img_0831.jpg (68,5k)