« Назад Документи Дома

Внатрешни работи

Подфолдери
Папка # На папки # На Документи
Во подготовка 0 0
Усвоени 0 15
Прикажани резултати 2.
Документи
Нема документи во оваа папка.
Име Големина
Нема документи во оваа папка.
Прикажани резултати 0.

Нема блогови.

« Назад Внатрешни работи

Јанкулоска : “Тоа што го ветивме тоа и го остваруваме“

Преглед на комбинации Рамен поглед Преглед во вид на дрво
“Како Влада низ еден партнерски дијалог во интерес на сите засегнати и во соработка со македонскиот полициски синдикат, работевме на Стратегија за усогласување на основната плата во МВР со основната плата со слични служби од јавната администрација и постигнавме договор усогласувањето да биде со платите во Царинската управа, при што освен тоа што ќе се обезбеди: етапно усогласување на платите во МВР ќе се признае и посебната улога на МВР во општеството заради ризиците, функциите кои ги врши и специфичните задачи во кои не се вклучени други структури на јавната администрација“.

Ова меѓу другото го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска на денешната прес конференција на МВР на која што таа ги презентираше мерките што во наредниот период ќе се превземат во насока на зголемување на платите на вработените во МВР.

Всушност како што нагласи Јанкулоска - “станува збор за мерка која директно ќе ја почуствуваат над 10 000 вработени во МВР, но и сите членови на нивните семејства. Тоа е најавеното “Усогласувањето на плати“, дел од Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2014-2018 година. Ова е наше ветување кое на последните избори беше масовно поддржано од граѓаните и кое треба да резултира со зголемување за околу 20% на основната плата на ПС и ОСЛ до крајот на 2017 година.“
Прилог

Прилози: na4654678789s8d7s8d.gif (43,1k)