Постови:4
Коментари:0
Датум:26.09.2016

.


АЕК ги намали големопродажните цени на Македонски телеком за фиксна телефонија и интернет

ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ - АЕК ги намали големопродажните цени на Македонски телеком за фиксна телефонија и интернет

Скопје, 10 април 2012

Агенцијата за електронски комуникации - АЕК од 1 мај годинава ги намали цените на фиксните големопродажни услуги на Македонски телеком за завршување на повик во фиксната телефонија, за пристапот до фиксна мрежа (разврзана локална јамка) и за широкопојасен интернет (битстрим).

 

Намалувањето на големопродажните цени за завршување на повик во фиксната телефонија е за околу 25 отсто, големопродажната цена за пристап до фиксна мрежа ќе се намали за скоро 37 отсто, односно од 331 на 210 денари, а намалувањењто на широкопојасните големопродажни услуги за интернет во просек ќе изнесува 27 отсто.

 

- Со тоа ќе се овозможи влез на нови оператори во Македонија, допонителна либерализација на телекомуслугите, како и нови фиксни, интернет и алтернативни оператори со цел граѓаните да добијат поквалитетни услуги за пониски и подостапни цени, рече министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на денешната прес-конференција.

 

Намалувањето на големопродажните цени, како што истакна директорот на АЕК Роберт Ордановски, индиректно ќе предизивика и намалување на малопродажните цени кои ги плаќаат граѓаните на Македонија, но и подобрување на канкуренцијата и влез на нови инвеститори на пазарот.

 

- АЕК во согласност со насоките дадени во Стретегијата од 2012 до 2016 година направи значително намалување на цените на големопродажните услуги на Македонски телеком што сметаме дека ќе придонесе за подобри услови за работа на алтернативните оператори и можност за влез на нови оператори на пазарот за електронски комуникации во Македонија, рече Ордановски.

 

Претходните цени, додаде, не овозможуваа влез на алтернативни оператори, а сегашните цени кои се најмали во Европа ќе овозможат услови за сериозен влез на алтернативни оператори во фиксната телефонија за нудење услуги од фиксниот говор и од фиксниот интернет со акцент на широкопојасниот интернет.

 

- На овој начин очекуваме мрежата на Македонски телеком да биде максимално искористена од алтернативни оператори кои со новите цени ќе имаат сериозен финансов показател да ја користат таа мрежа до крајните корисници. Воедно очекуваме да се развие пазарот на фиксна телефонија во Македонија и максимално да се либерализира, рече Ордановски.

 

Најави дека наскоро ќе има и нови цени за терминација во мобилната телефонија и додаде дека неделава на веб-страницата на АЕК ќе биде објавена финалната верзија на Стратегијата од 2012 до 2016 година во која детално ќе бидат опишани сите потези на АЕК во наредните пет години.

Македонија домаќин на состанок за дигитализиација на земјите во ЈИЕ

Скопје, 05 јуни 2012

Размена на искуства и подготовките за преминот од аналогно  во дигитално емитување, што во Македонија треба да профункционира од 1 јуни следната година, се дел од дискусијата на третиот технички состанок на проектот DigiTV  за промоција на дигитализацијата во државите од Југоисточна Европа, чиј домаќин од денеска е Советот за радиодифузија на Македонија.

 

Претставници на регулаторни тела од радиодифузијата од Македонија, Словенија, Италија, Австрија, Унгарија, Хрватска, Србија, БиХ, Црна Гора, ... реферираат за досегашниот тек на проектот DiGI - TV, кој е финансиран од претпристапните фондови на ЕУ. Буџетот за имплементација во Македонија е 72.000 евра, а треба да биде  завршен до април следната година. 

 

- На медиумите кои навреме ќе се прилагодат на новото мултиплатформско опкружување им е загарантирана дигиталната иднина, но медиумите што нема да го направат тоа навреме ќе останат на маргините на развојот, истакна на отворањето на состанокот министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

 

Тој наведе дека процесот на дигитализација зазема централно место во развојот на новите медиуми и медиумски услуги. Во тој процес, како што рече, во Македонија се спроведени повеќе активности. Со пари од Буџетот се финансира изградба на ДВБ-Т мрежа наменета за емитување програми на јавниот сервис. Мрежата е во фаза на изградба и треба да заврши до 2013 година. ЈП „Македонска радиодифузија“ од крајот на минатата година почна  дигитално да ги емитува програмите на јавниот сервис. Започаната е, наведе Ивановски, целосна реформа и трансформација во работата на ЈП МРТ. Во тек е набавка на нова софистицирана HD опрема и на две репортажни возила за нови преноси.

 

Според Ивановски, Владата со средства од Буџетот за 40.000 до 50.000 социјално загрозени семејства ќе ги покрие трошоците за набавка на сет ап боксови кои треба да бидат вградени во ТВ приемниците за да се обезбеди дигитален прием,. ЈП МРД има обврска од 1 јуни следната година да обезбеди бесплатно дигитално емитување на националните и регионалните комерцијални телевизии. Со цел обезбедување дигитализација на комерцијалните телевизии, АЕК веќе објави повик за доделување на три мултиплекса на операто кој же треба да изгради ДВБ-Т мрежа и од јуни 2013 година да започне да ги емитува дигитално комерцијалните национални и регионални телевзии.

 

- Идниот развој на медиумите и медиумските услуги и развојот на мулти-платформското опкружуивање бара креативни и иновативни реформи не само во секторот на медиумите, туку и во секторите на електронските комуникации, сигурност и бебзедност, заштитата на приватноста, како и почитување на авторските и другите сродни права, нагласи министерот Ивановски. 

 

Според директорот на АЕК Роберт Орданоски, Македонија е лидер во процесот на дигитализација во ЈИЕ, што ќе се реализирал навреме со бенифити за корисниците на телевизијата, телефонијата и широкопојасниот интернет.

 

- Добиваме кристално чист сигнал, простор за понуда на огромен број ТВ канали кои што би се обраќале до одредена специфична јавност, простор за нови фрекфенции кои што покрај ТВ понуда ќе овозможат и широкопојасен интернет на секој дел од Македонија, рече Орданоски.

 

Тој тврди  дека сет ап боксовите што треба да ги набават граѓаните нема да бидат голем трошок  со оглед дека нивната цена била околу 400 денари. За процесот на дигитализацијата АЕК редовно одржувала состаноци и со четирите национални, 10 скопски  локални и 47 локални телевизии. - Транспарентни  сме во целиот процес и се знае како ќе оди доделувањето на лиценцата за комерцијалниот дифузер на ДВБ-Т. Процесот ќе заврши наскоро и еден по еден сите овие телевизии ќе ги префрлиме на дигитален сигнал, најави Орданоски.

 

Со свои активности во овој процес е вклучен и Советот за радиодифузија. Во тек е истражување за нивото на јавната свест  за воведување на дигиталниот телевизиски  пренос. Тоа треба да даде општа слика за подготвеноста на населението за прием на дигиталниот телевизиски сигнал, како  и за староста на ТВ приемниците и нивните технички можности за прикажување  на слика со стандардна или висока резолуција.  СРД, најави, наесен ќе спроведе кампања за едукација на населението, а веќе се изготвени прирачници и упатства за целиот процес и проследени до надлежните институции, информира претседателот на СРД Зоран Трајчевски..

Прикажани резултати 2.