ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОРТАЛОТ Е-ДЕМОКРАТИЈА

Со регистрација и креирање на корисничка сметка на порталот Е-demokratija.mk се обрзувате да ги почитувате сите наведени правила. Порталот Е-demokratija.mk го задржува правото на измена и дополнување на правилата за користење без претходна најава. Не креирајте корисничка сметка на порталот доколку не се согласувате со овие правила. Ако вие поседувате корисничка сметка и не се согласувате со овие правила, ве замолуваме да испратите е-пошта на e-demokratija@mioa.gov.mk за истата да ја затвориме.

Портал Е-demokratija.mk

Составни делови на порталот Е-demokratija.mk се Форум, Документи, Блог и Дај Идеја. Порталот се состои од сопствени содржини, содржини на напредни корисници (блог), содржини креирани од регистрирани корисници, како и врски од надворешни страници. Пристапот на порталот и сите негови содржини им е дозволен на сите лица.

Приватност и заштита на личните податоци

Порталот Е-demokratija.mk на најдобар можен начин ја штити приватноста на корисниците. При посета на порталот серверот автоматски го бележи времето и датумот на посетата, ИП-адресата, детали за интернет прегледувачот и оперативниот систем на корисникот. Овие информации ни овозможуваат статистика за посетеноста на порталот е-демократија со крајна цел анализа на популарноста на објавените содржини.

Порталот Е-demokratija.mk се обврзува дека нема да ги продава или објавува на трети лица овие податоци и дека на најдобар можен начин ќе ги заштити, меѓутоа порталот Е-demokratija.mk не може да одговара доколку овие информации бидат украдени од нашиот сервер. Во случај на законска обврска или истражна постапка, со судски налог порталот Е-demokratija.mk може да ги сподели информациите кои ги има со државните органи.

Регистрирани корисници

Право за регистрација и избор на корисничко име на порталот Е-demokratija.mk имаат сите физички лица. При користење на порталот вие се согласувате да користите само едно корисничко име.

За да можете да учествувате со свои коментари и дискусии на објавени содржини мора да сте најавен корисник. Ве поттикнуваме со ваш став да земете активно учество на порталот Е-demokratija.mk.

Најавените корисници на порталот можат да:

- коментираат, оценат и одговорат на коментар на корисник и да се зачленат (subscribe) на постојна тема, како и да започнат нова тема за дебата во делот Форум;

- превземат, оценат и остават свој коментар на објавени документи кои се во фаза на подготовка во делот Документи;

- оценат и остават свој коментар на објавени написи во делот Блог;

- остават свој предлог, коментар, идеја во делот Дај идеа.

Напредни корисници

Право за регистрација на напреден корисник имаат сите здруженија и фондации, стопански комори, синдикати, фирми и други правни лица.

Напредниот корисник на порталот Е-demokratija.mk има можност преку поставување на написи во делот Блог да ги изнесе и промовира своите официјални ставови.

Правила на однесување

Вие лично сте одговорни за вашите коментари, последиците од нивното објавување и последиците од нивно цитирање во коментарите на други корисници. Со испраќање на вашиот коментар на операторите на овој портал им давате право, но не и обврска, преку сите форми на медиуми познати во моментов и откриени во иднина, да го постават, изложат, емитуваат, повторно искористат, публикуваат, умножат, лиценцираат, печатат, дистрибуираат или на друг начин искористат вашиот коментар и придружното лично идентификување.

На корисниците на порталот Е-demokratija.mk им се забранува:

- Објавување на содржини кои се во спротивност со Уставот, законите и меѓународнo ратификуваните договори на Република Македонија;

- Објавување на содржини кои се заканувачки, клеветнички, навредливи, дискриминаторски по однос на пол, возрасна, етничка, верска, расна или било каква друга припадност, или други содржини спротивни на закон;

- Лажно претставување, претставување во име на други правни или физички лица или претставување како официјално службено лице на порталот за е-демократија;

- Објавување на содржини кои се заштитени со авторски права, во согласност со закон;

- Барање помош околу илегален софтвер (пиратерија) или ЦД-клучови за таков софтвер/игри;

- Објавување на информации за кои корисникот знае или претпоставува дека се лажни, а чие користење би можело да нанесе штета на други корисници;

- Објавување на содржини кои се надвор од темата на дискусија, составени од краток бесмислен текст, претерана употреба на ГОЛЕМИ БУКВИ, линкови од надворешни страници неповрзани со темата, повеќекратно повторување на иста порака во една или повеќе теми, отворање на теми кои веќе постојат во истата или друга област на порталот и друго („Спамирање");

- Намерно објавување на провоцирачки и содржини неповрзани со темата чија примарна цел е да се поттикнат останатите учесници на форумот на емоционален одговор или на реакција што предизвикува растурање на нормалната дебата („Тролање");

- Дискутирање на одлуки на администраторите;

- Објавување надворешни врски до порнографска содржина;

- Прибирање и објавување на лични податоци на други посетители и корисниците на порталот (Хакирање);

- Намерно вметнување содржини кои имаат вируси или слични малициозни програми со цел да се уништи или ограничи функционирањето на било кој компјутерски или комуникациски хардвер или софтвер.

Кршењето на правилата ќе резултира со привремена или трајна забрана за најавување на порталот Е-demokratija.mk (бан).

При повреда на Уставот, законите и меѓународно ратификуваните договори администраторите на порталот Е-demokratija.mk може да соработуваат со сите правни институции, откривајќи ги сите потребни информации на прекршителот.