Документи
Нема документи во оваа папка.
Име
Нема документи во оваа папка.
Прикажани резултати 0.

Документи
Прикажани резултати 16.
Име
Акционен план за превенција и справување со сексуална злупотреба на деца и педофилија 2009 - 2012 година
Заснован на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на деца од сексуална екплоатација и сексуална злоупотреба овој акционен план има за цел да ја превенира појавата и да се справи со последиците од оваа појава
Изменување и дополнување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2012-2013 година
Измените и дополнувањата на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2012-2013 година, се направени во месец јуни 2012 година
Национален акционен план - Стратегија за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2008 - 2015
Целите на Националниот Акционен План се, да и овозможи на целната група да влезе во процесот на интеграција, како и да ги дефинира конкретните активности и мерки кои треба да се преземат од страна на сите засегнати страни, во рамки на седумте главни теми, кои се обработени во Стратегијата: домување и сместување, вработување и стручно усовршување; здравствена заштита, образование, социјална заштита, ангажираност во заедицата/развој и раководење со процесот на интеграција.
Национален акционен план за вработување на Република Македонија
Националниот акционен план за вработување на Република Македонија 2011-2013 година претставува документ во кој се содржани планираните активности до 2013 година, кои треба да обезбедат постигнување на поставените цели содржани во Стратегијата за вработување на Република Македонија 2015 година. Овој е трет оперативен документ и преставува продолжување на справувањето со предизвиците на пазарот на трудот дефинирани во Националната стратегијата за вработување 2010 и Национална стратегија за вработување на Република Македонија 2015.
НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА 2011-2021
Национална стратегија за вработување на Република Македонија
Националната стратегија за вработување на Република Македонија 2015 (НСВ) претставува документ во кој се содржани среднорочните стратегии и предизвици на пазарот на трудот кои се однесуваат на периодот од 2011 до 2015 година. Оваа стратегија преставува продолжување на предизвиците на пазарот на трудот дефинирани во Националната стратегијата за вработување 2010 од аспект на макроекономските и микроекономските политики, политиките за вработување на пазарот на трудот, утврдените цели и конкретните политики за вработување, кои ќе овозможат реализација на целите содржани во истата.
Национална стратегија за деинституционализација 2008 - 2018
НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ (РЕВИДИРАНА) 2010-2018
Стратегијата претставува план на многубројни активности што произлегуваат од начелата на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност донесена од Обединетите нации на 13 декември 2006 година која ги регулира правата и потребите на лицата со инвалидност, како и учеството на главните учесници во реализацијата, како што се надлежните министерствата, институциите и граѓанските организации. Овие активности ќе бидат мерливи во степенот на реализација преку донесување на годишни акциски планови во периодот од 2010-2018 година.
НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА И СОЦИЈАЛНАТА ИСКЛУЧЕНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2010-2020
Националниот акционен план за вработување на Република Македонија 2011-2013 година (НАПВ) претставува документ во кој се содржани планираните активности до 2013 година, кои треба да обезбедат постигнување на поставените цели содржани во Стратегијата за вработување на Република Македонија 2015 година.
Националната стратегија за стари лица 2010 – 2020 година
Националната стратегија за стари лица на Република Македонија е основен документ со кој се идентификуваат приоритетните области и задачи за делување, со цел подобрување на квалитетот и квантитетот на живеење на старите лица.
ОПЕРАТИВЕН ПЛАН за активните програми и мерки за вработување за 2012-2013 година
Заради успешно спроведување на програмите/мерките за вработување предвидени со Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011- 2015 година и Европската стратегија за паметен, одржлив и инклузивен пораст- Европа 2020, во Оперативниот план за 2012-2013 година дефинирани се видот на програмите и активните мерки за вработување, целните групи, потребните средства и изворите на средствата, како и конкретните активности и рокови за субјектите надлежни за имплементација на истите.
Стратегија за воведување на родово одговорно буџетирање во Република Македонија 2012-2017
Стратегијата за родово одговорно буџетирање (СРОБ) е национален документ, кој има за цел унапредување на родовата рамноправност и воспоставување на еднакви можности на жените и мажите, преку прилагодување на постојните процеси на планирање и буџетирање на политиките и програмите на буџетските корисници, земајќи ги предвид различните импликации врз жените и мажите.
Стратегија за демографски развој на Република Македонија 2008 - 2015
Националната стратегија за демографски развој на Република Македонија е основен документ со кој се идентификуваат приоритетните области и задачи во формулирањето на демографската политика
Стратегија за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2008 - 2015
Концептот на развој на интеграциона политика за имигрантите, треба да овозможи мерки од страна на државата, со кои ќе им се овозможи на имигрантите да станат одговорен дел од економскиот, социјалниот и политичкиот живот во општеството, во кое се дојдени. Воедно, треба да биде земено во предвид и респектирањето на културните и социјалните разлики, како и човековите права и човечкото достоинство.
Стратегија за промовирање и развој на волонтерството и акциски план
Република Македонија се стреми да го промовира волонтерството. Во 2007 година го донесе Законот за волонтерство. Последователно, Владата ја носи оваа Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството, имајќи го во предвид досега постигнатото, но и разработувајќи план за идните активности, кои ќе овозможат понатамошно развивање на волонтерството.
Стратешки план на Министерството за труд и социјална политика
Стратешкиот план на Министерството за труд и социјална политика (во понатамошниот текст МТСП) за период 2012-2014 година претставува пишан документ, општа рамка во кој се наведени главните карактеристики на МТСП, како што се: мисија, визија, задачи и обврски на органот, специфичности на органот, организационата структура на МТСП, организационите единици и органите во состав, приоритетните цели на МТСП, осврт на постигнатите резултати за 2010 година и постигнати и очекувани резултати за 2011 година.
Прикажани резултати 16.